Замрзнати имотите на 377 лица членови на терористичките организации ФЕТО, ДЕАШ, ПКК/КЏК и ДХКП/Џ

Одлуката на Министерството за трезор и финансии на Турција во врска со замрзнатите имоти на 377 членови на терористичките организации како што се Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), ДЕАШ, ПКК/КЏК и ДХКП/Џ е објавена во Службениот весник

1616388
Замрзнати имотите на 377 лица членови на терористичките организации ФЕТО, ДЕАШ, ПКК/КЏК и ДХКП/Џ

Во Турција се замрзнати имотите на 377 членови на терористичките организации како што се Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), ДЕАШ, ПКК/КЏК и ДХКП/Џ.

Одлуката на Министерството за трезор и финансии на Турција по ова прашање е објавена во Службениот весник.

Меѓу 205 членови на ФЕТО чии имоти се замрзнати се истакнува името на челникот на оваа терористичка организација Фетуллах Ѓулен. На списокот се наоѓаат и други членови на ФЕТО како што се Хамди Акин Ипек, Екрем Думанли, Хидајет Караџа, Абдуллах Ајмаз, Ахмет Куруџан, Џемал Ушак, Џевдет Туркјолу, Мустафа Озџан, Мустафа Јешил, Ондер Ајтач и Шериф Али Текалан.

Меѓу 77 лица, членови на терористичката организација ПКК/КЏК чии имоти се замрзнати се наоѓаат челниците на организацијата Мурат Карајилан, Али Хајдар Кајтан, Џемил Бајик, Дуран Калкан, Хулја Оран, Фехман Хусејин и Ферхат Абди Шахин.

Меѓу 9 членови на терористичката организација ДХКП/Џ чии имоти се замрзнати се Муса Ашоглу и Хусејин Февзи Текин.

Освен тоа, се замрзнати имотите во Турција и на 86 лица, членови на терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести