Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1616318
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Во реализирана воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната медија се истакнува дека турските војници Мехметчик продолжуваат да ги уништуваат пештерите на терористите (да ги рушат пештерите врз главите на терористите). 

Во соопштението се вели дека со успешно реализирана воздушна операција се неутрализирани 5 терористи на ПКК кои се утврдени во областа Метина во северниот дел на Ирак, со помош на летала за извидување и набљудување.

Во соопштението на Министерството се додава и следното: „Нашите операции ќе продолжат со одлучност.“

Во меѓувреме, продолжуваат операциите против терористичката организација ПКК и внатре во границите на земјата.

Во рамките на операцијата „Ерен-10“ во областа Домуз Даги во Бестлер-Дерелер кај градот Ширнак дојде до вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и терористите при што се неутрализирани четворица терористи.



Слични вести