Во градот Конја се урна воен акробатски авион: Во несреќата загина пилотот на авионот

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) во врска со несреќата се истакнува следното: „Во авионска несреќа при лет за обука во Конја стана шехид (загина) пилотот на нашиот авион НФ-5 на воздухопловните сили“

1616625
Во градот Конја се урна воен акробатски авион: Во несреќата загина пилотот на авионот

Во градот Конја се урна воен акробатски авион на акробатската екипа на „Турските ѕвезди“ при што во несреќата стана шехид (го загуби живтот) пилотот на авионот.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) во врска со несреќата се истакнува следното: „Во авионска несреќа при лет за обука во Конја стана шехид (загина) пилотот на нашиот авион НФ-5 на воздухопловните сили.“

На местото на несреќата се испратени голем број здравствени и пожарникарски екипи, а воедно од страна на жандармеријата се преземени и неопходните безбедносни мерки во областа. 

Во соопштението на Министерството за национална одбрана се истакнува дека е започната неопходната истрага во врска со несреќата и се вели следното: „На нашиот јуначки пилот му посакуваме милост од Аллах, го изразиуваме нашето сочувство до неговото ожалостено семејство, до нашите Турски вооружени сили и до великиот турски народ, им посакуваме трпение.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така во споделената објава преку социјалната медија истакна дека со големо жалење ја дочека веста за авионската несреќа во која стана шехид пилотот на воениот акробатски авион за време на летот за обука во Конја.

Претседателот Ердоган во објавата го напиша следното: „На нашиот шехид му посакувам милост од Аллах, го изразувам моето сочувство до неговото семејство, блиските, до нашите Турски вооружени сили и до нашиот народ.“

 



Слични вести