Претседателот Ердоган: Потенцијалот на Турција во туристичкиот сектор е многу голем

Претседателот Ердоган истакна дека потенцијалот на Турција во туристичкиот сектор е многу голем, дека е отворен еден сосема нов период пред Турција и рече: „Ќе биде период кога ќе достигнеме до целта да станеме лидерска земја на 21. век.“

1616694
Претседателот Ердоган: Потенцијалот на Турција во туристичкиот сектор е многу голем

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на сотанокот на претседателите на градските ограноци во проширен состав на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) кадешто истакна дека е отворен еден сосема нов период пред Турција и рече: „Ќе биде период кога ќе достигнеме до целта да станеме лидерска земја на 21. век.“

Велејќи дека потенцијалот на Турција во туристичкиот сектор е многу голем, Ердоган во врска со превентивните мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) го рече следното: „Нашата цел е да ја одмориме нашата земја во месецот Рамазан и да ја подготвиме за убави денови по Бајрам. Нема значење Турција самата да ги олабави мерките против епидемијата, па дури самата целосно да ја победи епидемијата. Важно е да не заостанеме од општото опоравување во светот, дури ако е можно да одиме напред, на чело со просторите со кои сме во блиски човечки и трговски односи. Доколку ние со нашите мерки во месец Рамазан бројот на случаите можеме да ги намалиме на неколку илјади, би можеле да ја доловиме туристичката сезона за којашто се согледува дека ќе започне во мај и трговската раздвиженост до којашто ќе доведе тоа.“



Слични вести