Претседателот Ердоган: Борбата против епидемијата ја сметаме како национално прашање над политиката

Претседателот Ердоган во говорот пред Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) истакна дека борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја сметаат за национално прашање над политиката

1616499
Претседателот Ердоган: Борбата против епидемијата ја сметаме како национално прашање над политиката

Претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата), денеска говореше пред Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателот Ердоган истакна дека борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја сметаат за национално прашање над политиката.

Ердоган рече: „Ние борбата против епидемијата ја сметаме како национално прашање над политиката, коешто го засега здравјето на целокупното 84 милионско население.“

Привлекувајќи внимание дека продолжува борбата за раст и зајакнување на Турција, претседателот Ердоган го додаде следното: „Додека од една страна водиме борба на еден широк фронт внатре во границите на нашата земја и надвор преку границата, од терористичките организации до пучистите, од друга страна ја продолжуваме нашата борба за развој, раст и зајакнување на нашата земја.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор истакна дека во голема мера се завршени подготовките во врска со Канал Истанбул кого го оценува за најголем и најстратешки инфраструктурен проект.

Тој рече: „Со придонесите на 56 институции и организации, повеќе од 200 научници, медиуми и наши граѓани е завршен извештајот за Проценка на влијанието на проектот врз животната средина (ЧЕД). И во летните месеци Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола ќе го поставиме камен темелникот.“ - рече претседателот Ердоган.

 



Слични вести