Министерот Адил Караисмаилоглу информира за сателитското и вселенското патување на Турција

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу информира за сателитското и вселенското патување на Турција при што истакна дека сателитот „Турксат 5А“ во првата недела на месец мај ќе пристигне во својата орбита на 31 степен источно

1616565
Министерот Адил Караисмаилоглу информира за сателитското и вселенското патување на Турција

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу на одржаниот состанок за печатот во кампусот на Акционерското Друштво Турксат (Türksat A.Ş) во Ѓолбаши во Анкара направи проценка на последните случувања во врска со сателитското и вселенското патување на Турција и сателитите Турксат 5А, 5Б и 6А.

Караисмаилоглу истакна дека сателитот „Турксат 5А“ во првата недела на месец мај ќе пристигне во својата орбита на 31 степен источно.

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу рече: „Во четвртиот квартал на годината ќе го лансираме во вселената и нашиот комуникациски сателит Турксат 5Б.“

Министерот Караисмаилоглу воедно истакна дека и сателитот „Турксат 6А“ (Türksat 6A) се планира да биде лансиран во 2022 година.



Слични вести