ЕУ: ЕУ и САД се едногласни по прашањето на односите со Турција

Извори на Европската унија (ЕУ) ги информираа новинарите во врска со разговорите на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен во Анкара

1616161
ЕУ: ЕУ и САД се едногласни по прашањето на односите со Турција

Како што се истакнува, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вчера пред средбата со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана со американскиот амбасадор во Анкара Дејвид Сатерфилд и дека Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ) ги споделуваат истите мислења по прашањето на Источниот Медитеран и позитивните односи со Турција коишто се потпираат на взаемен интерес.

Извори на Европската унија (ЕУ) ги информираа новинарите во врска со разговорите на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен.

Еден функционер на ЕУ информира дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се состана со американскиот амбасадор во Анкара Дејвид Сатерфилд и го рече следното: „САД и ЕУ споделуваат низа грижи, но целосно се наоѓаат на иста линија по прашањето на потребата од стабилна и безбедна средина во Источниот Медитеран и позитивни односи меѓу ЕУ и Турција коишто се потпираат на взаемен интерес. САД и ЕУ се едногласни дека искористувањето на оваа можност и останува на Турција.“

По прашањето на одржаната средба на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пак, се вели дека двајцата раководители/челници на Европската унија (ЕУ) ги изнеле своите предлози.

Истиот функционер на Европската унија (ЕУ) информира дека би можела да се постави на маса пропорционална и реверзибилна агенда со цел напредок, дека Европската комисија (ЕК) ќе почне да работи на ова прашање и дека тоа е поврзано со смирената затегнатост во Источниот Медитеран и „позитивните чекори“ на Турција по прашањата на односите со Кипар (кипарско-грчкиот дел), Грција и регионални прашања.

 



Слични вести