Ибрахим Калин: Направена е обемна проценка на односите меѓу Турција и ЕУ, во позитивна атмосфера

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин информира дека средбата на претседателот Ердоган со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комија Урсула фон дер Лејен во основа помина во позитивна атмосфера

1616152
Ибрахим Калин: Направена е обемна проценка на односите меѓу Турција и ЕУ, во позитивна атмосфера

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин објави писмено соопштение во врска со приемот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен вчера од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.

Калин информира дека средбата на претседателот Ердоган со Мишел и фон дер Лејен во основа помина во позитивна атмосфера.

Велејќи „Средбата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со Лејен и Мишел во основа е остварена во позитивна атмосфера и е направена обемна проценка на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)“, Ибрахим Калин го истакна следното: „Нашиот почитуван претседател, изнесувајќи ја перспективата на Турција во врска со иднината на односите со Европската унија (ЕУ) рече дека конечната цел на процесот на Турција кон ЕУ е полноправно членство. На средбата на која беа поставени на дневен ред ажурирањето на Договорот за миграција, обновувањето на Царнската унија, обезбедувањето визна либерализација за турските граѓани, контактите меѓу народите и политичките консултации на високо ниво, е изнесена потребата  Европската унија (ЕУ) да фрли конкретни чекори со коишто ќе се поддржува позитивната агенда.

Истакнато е дека текот на политичките, економските и општествените односи меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) со нивно зајакнување, ќе придонесе, ѝ за стабилноста на Турција и европските односи, ѝ за воспоставувањето на глобалниот мир. На состанокот е нагласена потребата од разгледување на мигрантскиот проблем со свест за заедничка одговорност, потсетена е потребата од итно обновување на договорот за миграција против стабилноста и човечката криза предизвикани од евентуалната појава на нов мигрантски бран во регионот.“   

Портпаролот Ибрахим Калин истакна дека на средбата е подвлечено значењето на соработката во борбата против тероризмот и за воспоставување на трајната стабилност и безбедност е изнесена потребата од водење на ефикасна и заедничка борба против секој вид терористичка организација како што се ДЕАШ, ПКК/ЈПГ и ФЕТО.

Појаснувајќи дека на состанокот е направена проценка и на случувањата во рамките на борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), процесите на вакцинација и сферите на можна соработка, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин го додаде следното: „На средбата на која е нагласено дека создавањето на одржливи решенија за регионалните кризи е во заеднички интерес на Турција и земјите на ЕУ, воедно се разгледани и прашања посветени на Сирија, Ирак, Либија, Карабах и Источниот Медитеран. Истакнато е дека и Конференцинјата за Источниот Медитеран предложена од страна на нашиот почитуван претседател ќе одигра значајна улога на патот Средоземното Море да стане море на мирот. Отворено е изнесена потребата секој да покажува почит на правниот процес во врска со судските предмети коишто продолжуваат во Турција. На состанокот воедно е нагласена потребата да не се дозволи некои земји членки да ги заробат односите меѓу Турција и ЕУ. Нашиот почитуван претседател и по прашањето на повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција истакна дека ‘насилството врз жената претставува глобален проблем и дека со одлучност ќе продолжи да се води борба против секој вид насилство’. Истакнато е дека со зајакнување уште повеќе на правните механизми во рамките на постоечките закони ќе се постигнат многу поефикасни резултати во борбата против насилството врз жената.“

 



Слични вести