Чавушоглу го прими грчкиот амбасадор во Анкара Диамесис
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска го прими амбасадорот на Грција во Анкара Мајкл-Христос Диамесис
1616754

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, денеска го прими амбасадорот на Грција во Анкара Мајкл-Христос Диамесис.
Министерот Чавушоглу, остварената средба во Министерството за надворешни работи ја соопшти со споделена порака преку својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Чавушоглу го напиша следното: „Пред посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас наредната недела, го примивме амбасадорот во Анкара Мајкл-Христос Диамесис.“
Да потсетиме дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас идната недела на 14 април се очекува да допатува во посета на Турција.