Во близина на Ајваџик кај Чанаккале се спасени 27 турнати мигранти кон турските територијални води

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на Ајваџик кај градот Чанаккале спасија 27 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1615598
Во близина на Ајваџик кај Чанаккале се спасени 27 турнати мигранти кон турските територијални води

Во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале се спасени од морето 27 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Екипите на Командата на крајбрежната стража установија дека на еден сплав во близина на месноста Сивриџе се наоѓаат група мигранти.

Притоа беа спасени 26 мигранти за кои е дознаено дека од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Мигрантите кои беа извадени на копно по законските постапки беа испратени во Центарот за странци за враќање назад во Ајваџик. 

Во меѓувреме, се спасени 24 мигранти кои останале заглавени во близина на малото островче Чиплак Ада во Егејското Море, а кои се обиделе од населеното место Ајвалик кај градот Баликесир да преминат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли).

По добиени информации дека група мигранти во близина на населеното место Ајвалик откако се качиле на гумен чамец и се обиделе да се префрлат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли) поради дефект на моторот на гумениот чамец биле одвлечени, екипите на Командата на турската крајбрежна стража веднаш заминаа на утврденото место.

Спасените 24 нерегуларни мигранти беа извадени на копно и донесени во Командата на крајбрежната стража во Ајвалик.

 



Слични вести