Турската крајбрежна стража во близина на Ајвалик кај Баликесир спаси 24 мигранти

Екипите на Командата на турската крајбрежна стража во близина на населеното место Ајвалик кај градот Баликесир спасија 24 мигранти кои останале заглавени во близина на малото островче Чиплак Ада во Егејското Море

1615430
Турската крајбрежна стража во близина на Ајвалик кај Баликесир спаси 24 мигранти

Спасени се 24 мигранти кои останале заглавени во близина на малото островче Чиплак Ада во Егејското Море, а кои се обиделе од населеното место Ајвалик кај градот Баликесир да преминат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли).

По добиени информации дека група мигранти во близина на населеното место Ајвалик откако се качиле на гумен чамец и се обиделе да се префрлат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли) поради дефект на моторот на гумениот чамец биле одвлечени, екипите на Командата на турската крајбрежна стража веднаш заминаа на утврденото место.

Спасените 24 нерегуларни мигранти беа извадени на копно и донесени во Командата на крајбрежната стража во Ајвалик.

 



Слични вести