Средба на министерот за правда Ѓул со министерот за правда на Северна Македонија Маричиќ
Министерот за правда Абдулахмит Ѓул се осврна на реализираните реформи во последно време во сферата на правото и човековите права и го нагласи значењето коешто Турција го придава на борбата против тероризмот, на чело со борбата против ФЕТО


Министерот за правда Абдулхамит Ѓул се состана со министерот за правда на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ и делегацијата во негова придружба кои престојуваат во посета на Анкара.
Според објавеното соопштение од Министерството за правда, на остварената средба во Министерството за правда, беа разгледани правните односи помеѓу двете земји, а беше разговарано поготово за продлабочувањето на соработката во сферата на правда, со фокус на дигитализацијата.
На средбата, министерот за правда Абдулахмит Ѓул се осврна на реализираните реформи во последно време во сферата на правото и човековите права и го нагласи значењето коешто Турција го придава на борбата против тероризмот, на чело со борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).
Министерот за правда на Република Северна Македонија Бојан Маричиќ исто така истакна дека неговата земја и дава поддршка на борбата на Турција против тероризмот во секоја сфера и изрази спремност за соработка.
Маричиќ го претстави планот за дигитализација на над 100 судови во Северна Македонија и појасни дека искуствата со коишто располага Турција во процесот на воведување на информатичката технологија во правосудството се од исклучително значење за Северна Македонија.
Министерот за правда Абдулхамит Ѓул исто така истакна дека Турција е спремна да и ја даде секој вид поддршка на Северна Македонија, како во сферата на дигитализацијата во правосудтсвото, така и во обуката на судиите и јавните обвинители.