Средба на Ердоган со Мишел и Лејен фокусирана на позитивната агенда на Турција-ЕУ

Средбата во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара траеше 2 часа и 45 минути и беа преразгледани со сите нивни поединости односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)

1615984
Средба на Ердоган со Мишел и Лејен фокусирана на позитивната агенда на Турција-ЕУ
Cumhurbaşkanı Erdoğan Charles Michel Ursula Von Der Leyen2.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Charles Michel Ursula Von Der Leyen3.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Charles Michel Ursula Von Der Leyen4.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги прими двајцата раководители/челници на Европската унија (ЕУ), претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, кои денеска допатуваа на разговори во Анкара.

Средбата во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара, траеше 2 часа 45 минути и притоа беа преразгледани со сите нивни поединости односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ). 

Исто така на дневен ред беа и обновувањето на Договорот за миграција и бегалци од 18 март, визната либерализација за турските граѓани и ажурирањето на Царинската унија која наполни 25 години.

Пред средбата, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Во Анкара со претседателот Ердоган ќе почнеме да разговараме за иднината на односите Турција-ЕУ. За да би можеле да, изградиме поконструктивна агенда треба постојано да се намалува затегнатоста.“

По остварената средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Анкара, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел одржаа заедничка прес-конференција во Делегацијата на Европската унија во Турција.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во врска со средбата со претседателот Ердоган го сподели следното: „Европската унија (ЕУ) е подготвена да понуди конкретна агенда за зголемување на економската соработка (со Турција) и миграцијата и интензивирање на врската меѓу народите. Стратешкиот интерес на Европската унија (ЕУ), се безбедноста и стабилноста во Источниот Медитеран и взаемната корист и позитивните односи со Турција.“

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен пак, го рече следното: „Турција всушност покажа дека сака да воспостави повторно односи на конструктивен начин, и ние дојдовме за да им придадеме интензитет на нашите односи со Турција. Ги разгледавме сферите на соработка од взаемна полза и за двете страни.“

Велејќи дека на средбата со претседателот Ердоган се поставени на маса четири сфери и дека треба да се развијат економските односи, фон дер Лејен рече: „Турција е ценет партнер од животно значење во Царинската унија. За да би можеле да ја зголемиме уште повеќе трговијата, несомнено разгледувајќи ги постоечките тешкотии во врска со применувањето на Царинската унија, ќе работиме за нејзино ажурирање.“.

Таа нагласи дека постигнатиот Договор за Царинска унија претставува уникатно сработен и го подвлече следното: „Не само за ажурирање на Царинската унија, ќе ги бараме патиштата за уште повеќе да ја зајакнеме и соработката на државниот и приватниот сектор. И при правење на тоа нашата фокусна точка ќе биде зелената и дигиталната трансформација.“

 



Слични вести