Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен во посета на Турција

Претседателот Ердоган со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, со кои на 19 март одржа видео-конференциска средба, денеска во Анкара ќе се состане лице в лице

1615332
Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен во посета на Турција

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателската на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска ќе престојуваат во работна посета на Турција.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, на разговорите кошто ќе бидат остварени за време на посетата ќе бидат преразгледани со сите нивни поединости односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), а воедно ќе бидат разгледани и чекорите коишто би можеле да бидат фрлени за развивање на соработката со Унијата на основа на перспективата на учество и во рамките на позитивната агенда којашто се настојува да се воспостави.

Освен тоа во рамките на посетата ќе бидат разменети мислења и во однос на актуелни регионални и меѓународни случувања.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со двајцата значајни имиња од раководството на Европската унија (ЕУ), претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, со кои на 19 март одржа видео-конференциска средба; денеска во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара ќе се состане лице в лице. 

Очекувањето на Анкара е да се обнови договорот за миграција од 18 март, да се воведе визна либерализација за турските граѓани и да се ажурира Царинската унија која остави зад себе 25 години.

Претседателот Ердоган на средбата Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен ќе ги потцрта особено овие прашања.

Друго барање на Анкара ќе биде започнувањето на преговарачкиот процес за полноправно членство на Турција во Европската унија (ЕУ).

Во врска со тоа ќе биде нагласена потребата од отворање на поглавјата број 23 и 24 од преговорите.

Друг наслов којшто ќе биде поставен на маса секако е Источниот Медитеран. 

Ќе биде направена проценка на повторно започнатите консултативни разговори помеѓу Турција и Грција.

Во тие рамки ќе биде доставена вознемиреноста на Анкара од едностраниот приод на Европската унија (ЕУ) по ова прашање. Ќе се побара да се поттикнуваат властите во Атина за продолжување на дијалогот.

На средбата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, исто така ќе бидат разгледани и заедничките чекори коишто ќе бидат фрлени во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести