Претседателот на Генералното Собрание на ОН Волкан Бозкир допатува на разговори во Турција

Претседателот на Генералното Собрание на ОН Волкан Бозкир и делегацијата во негова придружба положија венец на мавзолејот на (основоположникот на Републиката Мустафа Кемал) Ататурк и му оддаде почит со едноминутно молчење на големиот лидер

1615701
Претседателот на Генералното Собрание на ОН Волкан Бозкир допатува на разговори во Турција

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир кој допатува на разговори во Турција најпрвин го посети мавзолејот на Ататурк "Аниткабир" во Анкара.

Волкан Бозкир и делегацијата во негова придружба поставија венец на мавзолејот на (основоположникот на Републиката Мустафа Кемал) Ататурк и му оддаде почит со едноминутно молчење на големиот лидер.

Потиа Бозкир премина во Кулата Мисак-и Милли (Кулата на Националните сили) кадешто се потпиша во спомен книгата.

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир во спомен книгата на мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ го напиша следното: „Во мое лично име и во име на мојата земја и мојот народ, чувствувам гордост и понос од раководење со највисокиот одлучувачки орган на Обединетите нации (ОН), како прв државјанин на Република Турција кој ја презел оваа должност во историјата на Обединетите нации (ОН), особено на 75. годишнина од формирањето и во тешки пандемиски услови. Денеска, турското знаме заземе место заедно со знамето на ОН, во канцеларијата на претседателот на Генералното Собрание.

Се поклонувам со почит пред вашиот честит спомен.“

Претседателот на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир во рамките на посетата на Турција ќе биде примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, а ќе се состане и со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, а потоа ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

Бозкир во рамките на оваа негова посета на Турција воедно се планира на 10 април во Хатај да ги посети прекуграничките операции на ОН за хуманитарна помош коишто се реализираат во северозападниот дел на Сирија и овде да направи увид на лице место и да го посети центарот за привремено згрижување на бегалците од Сирија.

 



Слични вести