Претседателот Ердоган ги прими Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги прими претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен кои допатуваа на разговори во Анкара

1615855
Претседателот Ердоган ги прими Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен
Cumhurbaşkanı Erdoğan, AB heyetini (Charles Michel ve Ursula von der Leyen) kabul etti 02.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги прими двајцата раководители/челници на Европската унија (ЕУ), претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, кои денеска допатуваа на разговори во Анкара.

На средбата во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара ќе бидат преразгледани со сите нивни поединости односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), а воедно ќе бидат разгледани и чекорите коишто би можеле да бидат фрлени за развивање на соработката со Унијата на основа на перспективата на учество и во рамките на позитивната агенда којашто се настојува да се воспостави.

Ќе бидат постави на дневен ред обновувањето на Договорот за миграција и бегалци од 18 март, визната либерализација за турските граѓани и ажурирањето на Царинската унија која наполни 25 години.

Претседателот Ердоган со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен ќе ги потцрта овие наведени прашања.

Ќе бидат разгледани и чекорите коишто би можеле да бидат фрлени за развивање на соработката со Унијата на основа на перспективата на учество и во рамките на позитивната агенда којашто се настојува да се воспостави.

Освен тоа, ќе бидат разменети мислења во однос на регионални и меѓународни случувања.

 



Слични вести