Турција шеста земја во светот по бројот на администрирани вакцини против Ковид-19

Според интернет страницата „Ourworldindata.org“, Турција е шеста земја во светот со најголем број администрирани вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) за имунизација на своите граѓани

1615156
Турција шеста земја во светот по бројот на администрирани вакцини против Ковид-19

Турција е шеста земја во светот со најголем број администрирани вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) за имунизација на своите граѓани.

Според интернет страницата „Ourworldindata.org“ кадешто се сумирани податоците за администрирани вакцини против Ковид-19, за имунизација против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот досега се администрирани повеќе од 664 милиони вакцини.

Земја со најголем број администрирани вакцини во светот се Соединетите Американски Држави (САД) со 165 милиони 050 илјади дози вакцини, а потоа редум следуваат Кина со 139 милиони 970 илјади, Индија 79 милиони 110 илјади, Велика Британија 36 милиони 900 илјади, Бразил 21 милион 100 илјади, Турција 17 милиони 093 илјади, Германија 14 милиони 400 илјади, Индонезија 12 милиони 292 илјади, Франција 12 милиони 600 илјади, Русија 12 милиони 300 илјади, Италија 11 милиони 100 илјади и Чиле со досега администрирани 10 милиони 800 илјади дози вакцини.



Слични вести