Турција го осуди терористичкиот напад во Индија

МНР: „Им изразуваме сочувство на блиските и роднините на сите оние кои ги загубија своите животи во нападот“

1614570
Турција го осуди терористичкиот напад во Индија

Во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи, беше наведено дека со жалење беше пречекана веста за терористичкиот напад против безбедносните сили во индиската провинција Чатисгар во кој загинаа голем број припадници на индиските безбедносни сили а исто така имаше и голем број повредени. Во соопштението беше наведено следното:

„Им изразуваме сочувство на блиските и роднините на сите оние кои ги загубија своите животи во нападот, а на повредените им посакуваме итно заздравување. Го осудуваме овој терористички напад, ја споделуваме болката на индиската влада и народот и им го пренесуваме нашето искрено сочувство“. Началникот на полицијата во Чатисгар, Ашок Жуњеја рече дека вчера избувнал судир со маоистичките бунтовници при рација на безбедносните сили врз пошуменото засолниште во градот Биџапур.

Наведувајќи дека бројот на војниците кои загинаа во конфликтот се искачи на 22, Жуњеја изјави дека 32 војници се повредени, а 15 бунтовници биле убиени.



Слични вести