Сочувство од Турција до Индонезија за загинатите во поплавите

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со сочувство за загинатите во поплавите во Индонезија

1614537
Сочувство од Турција до Индонезија за загинатите во поплавите

Турција објави порака со сочувство за загинатите во катастрофата од поплави во Индонезија во која според последните добиени информации животите ги загубија 44 лица, а 9 лица се повредени.

Во објавената порака од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека се чувствува длабоко жалење од човечките загуби и предизвиканата штета од човечките загуби во катастрофата од поплави во провинцијата Источна Нуса Тенгара во Индонезија. 

Во соопштението на Министерството се вели следното: „На жртвите им посакуваме милост од Аллах, на повредените побрзо оздравување, го доставуваме нашето сочувство до индонезискиот народ и Владата.“

Портпаролот на Центарот за информација и комуникација при Националната агенција за управување со елементарни непогоди Радитја Џати информира дека во источниот дел на градот Флорес во провинцијата околу 11:00 часот по локално време дојде до поплави во кои досега се пронајдени мртвите тела на 44 лица, а 9 повредени се префрлени на лекување во болница.

 



Слични вести