На аеродромите во Турција започнува период на хигиена со УВ зраци

Уредите се развиени во рамките на Институтот за научно-технолошки истражувања на Турција за истражување и развој (ТУБИТАК истражување и развој R&D)

1614423
На аеродромите во Турција започнува период на хигиена со УВ зраци

 

Генералниот директорат на Државната управа за аеродроми (ДХМИ) при Министерството за транспорт и инфраструктура во рамките на борбата против новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19) додаде уште нова ефективна мерка меѓу досегашните коишто успешно ги спроведува.

Имено почнаа да се користат уреди кои овозможуваат стерилизација на багажот за патници и лентите за држење на ескалаторот, кои минуваат низ рендгенски уреди на аеродромите.

Уредите кои беа развиени во рамките на Институтот за научно-технолошки истражувања на Турција за истражување и развој (ТУБИТАК истражување и развој R&D), земајжи ги во предвид физичките услови на работа на терминалите на аеродромтие кои се управуваат од страна на ДХМИ како и статистичките податоци за патниците, почнаа да се применуваат во Ерзурум, Газиантеп, Дијарбакир, Хатај, Чанакале и Трабзон.

На овие аеродроми беа инсталирани 20 уреди од тунелски тип и 27 уреди за ултравиолетова стерилизација на ескалатори.

Тестовите на уредите што го сочинуваат системот, кој преставува една од првите апликации на меѓународните аеродроми во однос на борбата против епидемијата, беа извршени во лабораториите на Центарот за истражување ТУБИТАК Мармара и Универзитетот Кајсери Ерџијес.



Слични вести