Коџа: Турција со најголем број администрирани дози меѓу земјите кои засега не произвеле своја вакцина

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека Турција е земја која администрира најголем број дози вакцини против Ковид-19 меѓу земјите кои засега не ја произвеле својата сопствена вакцина против вирусот

1614273
Коџа: Турција со најголем број администрирани дози меѓу земјите кои засега не произвеле своја вакцина

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека Турција е земја која администрира најголем број дози вакцини меѓу земјите кои засега не ја произвеле својата сопствена вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Коџа информира дека досега во Турција се администрирани вкупно 16 милиони 668 илјади 844 дози вакцини.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша:

"Ние сме на шесто место меѓу земјите кои администрираа најмногу вакцини. Земји кои извршија поголем број вакцини се Соединетите Американски Држави (САД), Кина, Индија, Велика Британија и Бразил. Турција е земја која администрира најголем број вакцини меѓу земјите кои засега не ја произведеле својата сопствена вакцина. Кога покрај оваа порака ќе се стави вкупниот број на дози, во моментов (бројката на пуштени вакцини) изнесува 16 милиони 668 илјади 844."

 



Слични вести