Ердоган им го честиташе Велигден на христијанските граѓани
Nа сите христијани, особено на нашите христијански граѓани и им посакувам здравје и благосостојба

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган објави порака со честитки по повод Велигден.
Ердоган во пораката искрено им го честиташе празникот Велигден, еден од најважните празници на христијанските граѓани од различни цркви и групи и рече:
„Богатиот мозаик создаден од сите поедници на нашата нација претставува исклучителен пример на заедничкото живеење во мир и слобода врз основа на меѓусебно почитување во светот.
Заедно со радоста што ја чувствуваата нашите христијански граѓани по повод Велигден, цврсто сум убеден дека нашите доблести како што се единството, братството и солидарноста бескрајно ќе се пренесат од генерација на генерација. Поаѓајќи од овие чувства и мисли им го честитам Велигден на сите христијани, особено на нашите христијански граѓани и им посакувам здравје и благосостојба“.