Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен наредната недела, во вторник ќе допатуваат во посета на Турција

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, наредната недела, во вторник, ќе допатуваат во посета на Турција на средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1614084
Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен наредната недела, во вторник ќе допатуваат во посета на Турција

Турција, наредната недела  во вторник ќе пречека двајца значајни имиња на Европската унија (ЕУ).

Од одржаниот Лидерски самит на 25 март беше донесена одлука за развивање на односите со Турција. Беше запалено зелено светло за новиот период со Анкара.

По ваквиот развој на настаните, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, во новата недела, во вторник, ќе допатуваат во посета на Анкара.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со двајцата значајни имиња од раководството на Европската унија (ЕУ), Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен, со кои на 19 март одржа видео-конференциска средба овојпат во претседателската палата во Бештепе во Анкара ќе се состане лице в лице. 

Очекувањето на Анкара е да се обнови договорот за миграција од 18 март, да се воведе визна либерализација за турските граѓани и да се ажурира Царинската унија која остави зад себе 25 години.

Претседателот Ердоган на средбата што ќе ја оствари во вторник со Шарл Мишел и Урсула фон дер Лејен ќе ги потцрта особено овие прашања.

Друго барање на Анкара ќе биде започнувањето на преговарачкиот процес за полноправно членство на Турција во Европската унија (ЕУ).

Во врска со тоа ќе биде нагласена потребата од отворање на поглавјата број 23 и 24 од преговорите.

Друг наслов којшто ќе биде поставен на маса секако е Источниот Медитеран. 

Ќе биде наоравена проценка на повторно започнатите консултативни разговори помеѓу Турција и Грција.

Во тие рамки ќе биде доставена вознемиреноста на Анкара од едностраниот приод на Европската унија (ЕУ) по ова прашање. Ќе се побара да се поттикнуваат властите во Атина за продолжување на дијалогот.

На средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, исто така ќе бидат разгледани и заедничките чекори коишто ќе бидат фрлени во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести