Министерот Хулуси Акар заедно со командниот врв во посета на Ширнак

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) ги посети војниците на планината Намаз на надморска височина од 1.995 метри

1614025
Министерот Хулуси Акар заедно со командниот врв во посета на Ширнак
akar ve komutanlar sirnak'ta.jpg
akar ve komutan namaz daginda.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во придружба на командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС), началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на Воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукјуз, отпатува во посета на градот Ширнак.

Акар заедно со командниот врв се искачи на планината Намаз на надморска височина од 1.995 метри каде што направи увид на лице место и ги разгледа мерките коишто се преземаат во рамките на борбата против тероризмот.

Министерот Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) во негова придружба, ноќта ја поминаа во Командата на 23. пешадиска дивизија во Ширнак.

Министерот Акар беше во обиколка на жандармерискиот командоски баталјон во областа на планината Намаз која располага со значајно место во операциите во борбата против тероризмот, во областа помеѓу планините Џуди и Габар, а воедно им честита на жандармериските единици за успешната задача што ја извршуваат на ова критично место.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) во негова придружба утрово го посети Оперативниот центар на Командата на 23. пешадиска дивизија и овде одржа состанок со командантите на единиците на задача на граничната линија и преку границата.

 



Слични вести