Екипите на турската крајбрежна стража спасија 231 нерегуларен мигрант

Екипите на турската крајбрежна стража од водите на Егејското Море во близина на градовите Измир, Баликесир и Чанаккале спасија 231 нерегуларен мигрант кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати кон турските територијални води

1613881
Екипите на турската крајбрежна стража спасија 231 нерегуларен мигрант

Во Егејското Море се спасени 231 нерегуларен миграт кои од страна на Грција биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Екипите на турската крајбрежна стража интервенираа на чамците на кои се наоѓаа голем број турнати (присилно вратени) назад нерегуларни мигранти во близина на градовите Измир, Баликесир и Чанаккале.

Според објавеното соопштение од Командата на крајбрежната стража, вчера од 03:30 часот до 12:33 часот по турско време од страна на елементите на грчката крајбрежна стража беа реализирани 7 случаи на туркање (присилно враќање) назад на голем број нерегуларни мигранти.

Притоа во утврдените области беа испратени елементи на турската крајбрежна стража кои од водите на Егејското Море во близина на градовите Измир, Баликесир и Чанаккале спасија и извлекоа на копно 231 нерегуларен мигрант.

Спасените мигранти им се заблагодарија на екипите на турската крајбрежна стража.

 



Слични вести