Во реализираните операции во март се неутрализирани 134 терористи

Турските безбедносни сили и нанесоа тежок удар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ и во месец март кога се неутрализирани 134 терористи

1613526
Во реализираните операции во март се неутрализирани 134 терористи

Во реализираните операции во месец март против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, внатре во границите на земјата и надвор преку границата се неутрализирани 134 терористи. 

Безбедносните сили кои деноноќно, во снег и зима, во градивите и руралните подрачја внатре во границите на земјата и надвор преку границата ги продолжуваат операциите против терористите трагајќи по нив со недели на теренот, и нанесоа тежок удар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ и во месец март.

Според тоа, во реализираните воздушни и копнени операции во земјата и преку границата во март се неу 134 терористи.

Во реализираните операции во март против крволочната терористичка организација ПКК и нејзиното младинско структуирање во голем број градови се притворени 222 осомничени лица од кои 74 се уапсени. Постапките цо врска со другите притворени лица во полицијата и жандармеријата продолжуваат.

Од друга страна, бројот на припадниците на терористичката организација ПКК/КЏК кои се предадоа во 2021 година заклучно со 31 март се зголеми на 39.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека меѓу шесте неутрализирани терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на 30 март  во подрачјето на градот Мардин во рамките на операцијата „Ерен-5“ се наоѓаат и терористот по име Хасан Махмуди, таканаречен одговорен на терористичката организација ПКК за Мардин од списокот на барани терористи од категоријата означена со црвена боја и терористот по име Тејјуп Чам, одговорен за таканаречениот терен Мардин Багок од категоријата означена со портокалова боја.

Освен тоа, Националната разузнавачка служба (МИТ) со реализирана прецизна точка-операција го фати во Сирија и го донесе во Турција терористот Ибрахим Бабат познат под кодното име „Шех Гуји“ таканаречен бригаден командант на ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК. 

 



Слични вести