Сојлу: Бројот на вооружените терористи на ПКК во границите на земјата опадна на под 300

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека бројот на вооружените членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК внатре во земјата опадна на под 300

1613579
Сојлу: Бројот на вооружените терористи на ПКК во границите на земјата опадна на под 300

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во говорот што го одржа на церемонијата на дипломирање од основниот курс за командоси во градот Кастамону истакна дека минатата година на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и се приклучија 53 лица, но дека истата година по пат на убедување од страна на полицијата и жандармеријата се симнати од планина 243 лица.

Министерот Сојлу истакна дека бројот на вооружените членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК внатре во земјата опадна на под 300.

Велејќи дека приклучувањето кон организацијата оваа година досега изнесува 11 лица, Сојлу појасни дека воедно бројот на терористите кои им се предадоа на безбедносните сили како резултат на активностите за убедување изнесува 40 лица. 

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу нагласи дека денеска бројот на вооружените членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК внатре во земјата опадна на под 300 и го рече следното: „Ќе им наплатиме еден по еден, оваа година ќе им ја наплатиме најголемата цена во историјата. Да им ја наплатиме цената е долг на нашата чест. Решени сме да го елиминираме тероризмот секаде.“



Слични вести