Реакција од Фахреттин Алтун на извештајот на САД за човековите права

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун истакна дека Турција на прашањето на човековите права гледа како на универзално право, а не како на внатрешно политичко прашање

1613406
Реакција од Фахреттин Алтун на извештајот на САД за човековите права

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер на англиски јазик нагласи дека Турција на прашањето на човековите права гледа како на универзално право, а не како на внатрешно политичко прашање.

Алтун истакна дека годишниот извештај на Соединетите Американски Држави (САД) за човековите права е откинат од вистините и дека неправедните критики за борбата на Турција против тероризмот и напорите за обезбедување на безбедноста за своите граѓани „не можат да се сфатат за сериозно“.

Подвлекувајќи дека го и тоа дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е единствениот лидер кој се спротивставува на прекршувањата на човековите права во регионот и во светот, Алтун информира дека Турција најголемиот напредок на полето на човековите права го постигна во периодот на владите на Партијата за, правда и развој (АК Партијата).

Фахреттин Алтун истакна дека  извештајот содржи неправедни критики кон Турција и привлече внимание на чувствителноста на Турција во однос на човековите права во борбата против тероризмот.

„Турција, борбата против терористичките организации ПКК, ФЕТО и ДЕАШ ја продолжува земајќи ја во предвид рамнотежата помеѓу безбедноста и правата и слободите на нашите граѓани.“ - напиша Алтун. 

Фахреттин Алтун терористичките организации го окарактеризира како најголема препрека пред слободите и го истакна следното: „Турција секогаш ја држеше отворено до крај и ќе продолжи да ја држи отворено вратата за дијалог со Европската унија (ЕУ) и со Соединетите Американски Држави(САД). Меѓутоа, заедно со слободите нашата црвена линија се и безбедноста и сигурноста на нашиот народ.“

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун нагласи дека извештајот на американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) е откинат од вистините и напомена дека не можат да се земат за сериозно неправедните критики во однос на борбата на Турција против тероризмот и нејзините напори во правец на воспоставување на безбедноста на своите граѓани.

 



Слични вести