Потпретседателот Фуат Октај во работна посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Потпретседателот Фуат Октај во рамките на својата работна посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во селото Ѓуверџинлик кај градот Газимагуса го посети местото кадешто се планира да биде изградена Организираната индустриска зона

1613241
Потпретседателот Фуат Октај во работна посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Потпретседателот Фуат Октај кој отпатува во работна посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) овде во селото Ѓуверџинлик кај градот Газимагуса го посети местото на Организираната индустриска зона и во оваа пригода беше информиран во врска со третата етапа на Организираната индустриска зона за којашто се планира да биде изградена.

Октај истакна дека Турција посакува да види Кипар кој произведува и го рече следното: „Ние посакуваме да видиме Кипар кој стои на сопствени нозе, создава услови за вработување за младите, кадешто децата и младите уште посветло можат да ја видат својата иднина и каде ќе се доаѓа за вработување и инвестирање од надвор, а не оттука да се оди надвор.“

Осврнувајќи се на тоа дека една од сферите на којашто се фокусирани оваа година е Организираната индустриска зона во Ѓуверџинлик кај градот Газимагуса, потпретседателот Фуат Октај напомена дека Турција е на многу напредно ниво во сферата на организираните индустриски зони и дека ова свое искуство со планови, проекти, инфраструктура, уредување на околината, постројки за прочистување, патишта и стручни гимназии, како и уште голем број други искуства посакуваат да и ги пренесат на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).



Слични вести