Помош од Турција за муслиманите Рохинга од Аракан во Бангладеш

На воен карго авион на воениот ародором Етимесгут во Анкара беа натоварени медицински и здравствени материјали и „теренска болница за тешки климатски услови“ за повторно ставање во услуга на оштетената турска теренска болница во пожарот во Бангладеш

1613256
Помош од Турција за муслиманите Рохинга од Аракан во Бангладеш

Синоќа од Анкара за Бангладеш полета воениот карго авион натоварен со материјали за помош за повторно ставање во услуга на турската теренска болница која беше оштетена во пожарот што се појави минатата недела во кампот Кокс Базар во кој се сместени бегалците муслимани Рохинга од Аракан.   

Инаку, претходно на иструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беа започнати активностите за доставување помош на областа.

Во тие рамки, на воен карго авион од типот А 400 М на воениот ародором Етимесгут во Анкара беа натоварени медицински и здравствени материјали и „теренска болница за тешки климатски услови“ за повторно ставање во услуга на оштетената турска теренска болница во пожарот.

Воениот карго авион натоварен со медицински материјали, шатори, опрема за болница со 50 легла и друг вид материјали за помош, заедно со 13 мина персонал од Министерството за здравство синоќа од воениот аеродром Етимесгут полета за Бангладеш.

Инаку, во пожарот што се појави минатата недела во кампот Кокс Базар во Бангладеш во кој се сместени бегалците муслимани Рохинга од Аракан животите ги загубија 28 лица, повеќе од 550 лица беа повредени, а поради пожарот беа раселени 45 илјади лица.



Слични вести