Министерот Хулуси Акар со командниот врв во обиколка на командоската единица на островот Ѓокчеада

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) беше во обиколка на командоската единица на островот Ѓокчеада во Егејското Море позната како „Полкот на ветрот“

1613692
Министерот Хулуси Акар со командниот врв во обиколка на командоската единица на островот Ѓокчеада

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше во обиколка на командоската единица на островот Ѓокчеада во Егејското Море, позната како „Полкот на ветрот“.

Министерот Акар на островот Ѓокчеада пристигна во придружба на командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на Воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз.

Хулуси Акар и командниот врв во негова придружба на аеродромот во Ѓокчеада беа пречекани од страна на командантот на вториот корпус генерал мајор Мустафа Огуз, кајмакамот Серхат Доган и други високи функционери, по што оттука преминаа во Командата на петтиот командоски полк.

Министерот Акар и командниот врв на Турските воружени сили (ТВС) беа во обиколка на Командата на петтиот командоски полк кој е познат како „Полкот на ветрот“ и овде беа информирани во врска со воените активности и им издадоа наредби на војниците. 

Оваа посета на министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на островот Ѓокчеада е значајна по тоа што е прва остварена посета на островот од страна на министерот за национална одбрана и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС).



Слични вести