Министерката за трговија Рухсар Пекџан во Баку примена кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

Министерката за трговија Рухсар Пекџан во рамките на своите средби и разговори во Баку беше примена кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

1613855
Министерката за трговија Рухсар Пекџан во Баку примена кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

Министерката за трговија Рухсар Пекџан во рамките на своите средби и разговори во Баку бепе примена кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Претседателот Алиев на приемот истакна дека секогаш ја чувствуваат поддршката на турскиот народ и дека турскиот народ беше покрај Азербејџан и во  војната во Нагорно Карабах.

Алиев со пофалби говореше за изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на војната, а упати пофалба и на улогата на турските медиуми во ширењето на информациите во врска со војната до светот.

Говорејќи за тоа дека добил голем број писма со поддршка од турската јавност, ѝ за време на војната, ѝ потоа, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев рече дека тоа претставува манифестација на единството помеѓу двете земји.

Министерката за трговија Рухсар Пекџан исто така нагласи дека чувстуваат гордост од успесите на Азербејџан. 

Велејќи дека случувањата во Азербејџан за време на војната во Карабах и активностите на Алиев беа следени одблизу во Турција, Пекџан истакна дека турскиот народ се радуваше поради успесите на Азербејџан. 

Министерката за трговија Рухсар Пекџан во рамките на своите средби и разговори во Баку се состана и со претседателот на Националното Собрание Сахиба Гафарова. 

 



Слични вести