Коџа: Верувам дека во август, септември, летото, ќе завршат успешно работите за нашата прва вакцина

Министерот за здравство Фахреттин Коџа на вториот неделен редовен брифинг за медиумите во седиштето на Светската здравствена организација во Женева рече: „Верувам дека околу август, септември, летото, ќе завршат успешно работите за нашата прва вакцина

1613239
Коџа: Верувам дека во август, септември, летото, ќе завршат успешно работите за нашата прва вакцина

Министерот за здравство Фахреттин Коџа учествуваше на вториот неделен редовен брифинг за медиумите што се одржа во седиштето на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева.

Министерот Коџа, на брифингот, ги сподели со меѓународната заедница искуствата за влијанието на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) врз здравствените работници, вакцинацијата на здравствените работници во Турција и преземените мерки за заштита на здравствените работници.

Министерот Коџа информираше и за работите во Турција за развивање на домашна вакцина, во врска со што го рече следното: „Работите на Турција за производство на домашна вакцина (против новиот тип коронавирус Ковид19) продолжуваат на доста брз начин. Веруваме дека за кусо време ќе ја произведеме нашата домашна вакцина.“

Велејќи дека на списокот на вакцини регистрирани од страна на Светската здравствена организација (СЗО)  се наоѓаат 18 вакцини на Турција, Коџа рече: „Верувам дека околу август, септември, летото, ќе завршат успешно работите за нашата прва вакцина.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа на состанокот за медиумите потоа одговараше на прашањата на новинарите.

Така на едно поставено прашање „Каков придонес имаше Турција на светот во борбата против пандемијата на Ковид-19?“, министерот Коџа одговори дека Турција во периодот на пандемијата им достави помош на 158 земји којашто освен медицински материјали се состоеше и од заштитна опрема, комплети за дијагноза и апарати за дишење (респиратори).

Министерот за здравство Фахреттин Коџа појасни дека Турција во периодот на Ковид-19 соработуваше со 14 меѓународни организации меѓу кои се наоѓа и Светската здравствена организација (СЗО).

„Јас лично, во овој период остварив директна средба со министрите за здравство на 20 земји. Освен тоа и нашиот Научен совет за коронавирусот ги сподели своите искуства со 13 земји.“ - рече министерот Коџа.


 



Слични вести