Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 176 лица, регистрирани се 40.806 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 176 лица, направени се 243.738 тестирања од кои се регистрирани 1.424 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 40.806 лица

1613115
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 176 лица, регистрирани се 40.806 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 176 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 31.713 лица. 

Во изминатите 24 часа се направени 243.738 тестирања од кои се дијагностицирани 1.424 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 40.806 лица.

Заврши лекувањето на уште 20.817 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 3 милиони 035 илјади 043 лица.

 

 



Слични вести