Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го одликува Селчук Бајрактар со „Орден за Карабах“
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го одликува техничкиот директор на компанијата Бајкар Селчук Бајрактар со „Орден за Карабах“





Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го одликува техничкиот директор на компанијата Бајкар Селчук Бајрактар со „Орден за Карабах“.
Претседателот Алиев денеска ги прими техничкиот директор на Бајкар Селчук Бајрактар и претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АСЕЛСАН Халук Ѓорѓун.
На приемот беа разгледани соработката во одбранбената индустрија, беспилотните летала кои го променија текот на војната во Карабах и новините на полето на технологијата.
По приемот, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му го врачи на Селчук Бајрактар „Орденот за Карабах“ кој се доделува за одликување на воени и цивилни личности кои имаат заслуга во ослободувањето на азербејџанските територии во војната во Нагорно Карабах.
Инаку, наоружените беспилотни летала (СИХА) кои се произведуваат од страна на компанијата Бајкар одиграа значајна улога во ослободувањето на окупираните азербејџански територии во Нагорно Карабах.
Техмичкиот директор на компанијата Бајкар Селчук Бајрактар во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Заедно со татко ми Оздемир Бајрактар и мојот постар брат Халук Бајрактар имаме голема чест и гордост поради тоа што од страна на азербејџанскиот претседател почитуваниот Илхам Алиев сме удостоени со Орден за Карабах. Ќе продолжиме да работиме за заедничката иднина како еден народ, две држави.“