Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во Сирија се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1611918
Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во Сирија се неутрализирани тројца терористи

Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека не е дозволено и нема да се дозволи да се наруши спокојството и средината на доверба во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија. 

Во соопштението се вели дека од страна на турските командоси се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија провоцирачки оган врз подрачјето.

Подрачјето кое се наоѓа помеѓу Азез и Џераблус во северниот дел на Сирија и своето име го доби по операцијата Еуфратски штит, во март 2017 година беше исчистено од терористите од страна на Турските вооружени сили (ТВС) и Сириската национална армија (СНА).



Слични вести