Средба на Чавушоглу со претседателот на ПССЕ Рик Даемс во Анкара

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара се состана со Рик Даемс, претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ)

1612113
Средба на Чавушоглу со претседателот на ПССЕ Рик Даемс во Анкара

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, денеска во Анкара се состана со претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Рик Даемс.

По средбата Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, истакна дека му честита на Даемс за повторниот избор за претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и дека заедно се потсетиле на старите денови кога работеле заедно во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Мевлут Чавушоглу во објавата истакна дека со Рик Даемс разговарале за прашања во врска со Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и го напиша следното: „Го очекувам повторно да дојде во Турција во јуни за Дипломатскиот форум во Анталија.“

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Рик Даемс вчера во рамките на своите средби и разговори во Анкара се состана со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, а воено ги посети и опозициските партии во Собранието.

 



Слични вести