Сојлу: Поради влијанието на епидемијата на Ковид-19 опадна и бројот фатените нерегуларни мигранти

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека поради влијанието на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) опадна и бројот фатените нерегуларни мигранти во 2020 и во оваа 2021 година

1611976
Сојлу: Поради влијанието на епидемијата на Ковид-19 опадна и бројот фатените нерегуларни мигранти

Бројот на фатените нерегуларни мигранти во Турција во 2021 година заклучно со 24 март изнесува 22.115.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу говореше на состанокот за проценка на директорите на администрацијата за миграција на градовите што се одржа во населеното место Ајвалик кај градот Баликесир. 

Сојлу во својот говор се осврна на бројот на фатените нерегуларни мигранти во Турција и го рече следното: „Бројот на фатените нерегуларни мигранти во 32019 достигнувајќи го врвот изнесуваше 454.662 лица. Со влијанието на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) оваа бројка во 2020 година опадна на 122.302 лица. Во 2021 година заклучно со 24 март изнесува 22.115.“

Нагласувајќи дека во рамките на нерегуларната миграција во 2019 година се депортирани 103.858 лица и дека во врска со постапките за депортирање не постои една ваква операција во некоја друга земја во светот, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу го рече следното: „На ист начин во 2020 година и покрај процесот на епидемијата се реализирани 41.379 постапки за депортирање. Од почетокот на годината досега оваа бројка изнесува 9.369. На тој начин од суштинско значење за нас е спречувањето на незаконскиот влез на овие луѓе во земјата.“

 



Слични вести