Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Рик Даемс во посета на Анкара

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Рик Даемс се состана со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп

1611583
Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Рик Даемс во посета на Анкара
Cumhurbaşkanı Erdoğan Avrupa Konseyi Parlamenter Meclisi Başkanı Rik Daems.jpg
TBMM Başkanı Mustafa Şentop Avrupa Konseyi Parlamenter Meclisi Başkanı Rik Daems.jpg

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Рик Даемс кој допатува во посета на Турција, се состана со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

Рик Даемс во рамките на посетата на Анкара најпрвин се состана со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе.

На средбата присуствуваше и претседателот на Собранието Мустафа Шентоп.

Даемс потоа во Големото Народно  Собрание на Турција (ТБММ) се состана и со претседателот на Собранието Мустафа Шентоп.

Шентоп на средбата нагласи дека Турција сака да излезе од процесот на мониторинг на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и го рече следното: „Ние сме одлучни да излеземе од процесот на мониторинг. Оваа наша цел се наоѓа на горните редови на нашиот дневен ред за политички реформи. И од вас очекуваме да дадете поддршка во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на овие наши напори и нашите активности да ги оценувате од една објективна перспектива. Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) од страна на некои злонамерни средини се искористува како срество за политички мотивирани иницијативи со кои се цели кон нашата земја. Критиките насочени кон нашата земја се неправедни и намерни. Подготвените извештаи и одредени изјави ја надминуваат линијата на критика.“

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Рик Даемс пак, го рече следното: „Посетата на Турција е мошне значајна посета за мене, бидејќи Турција е многу значајна членка на Советот на Европа. Како што напоменавте и вие, вие сте едната од земјите кои први се приклучија кон Советот на Европа. Дури сте една од основачките членки на Советот на Европа и една од земјите кои се основачи на принципите на Советот.“

Во меѓувреме, претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Рик Даемс ги посети и опозициските партии во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во чии рамки најпрвин се состана со претседателот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, а потоа и со претседателот на пратеничката група на Партијата ИЈИ Исмаил Татлиоглу.

 



Слични вести