Претседателот Ердоган најави посета на градот Шуша во Карабах, по Рамазан Бајрам

Претседателот Ердоган во своето обраќање на неформалниот самит на Турскиот совет рече: „Наша желба е во најскоро време, по Рамазан Бајрам (13-15 мај) да го посетиме градот Шуша и во Шуша да доживееме еден нов празник“

1612199
Претседателот Ердоган најави посета на градот Шуша во Карабах, по Рамазан Бајрам

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, од дворецот Вахдеттин во Истанбул преку линк во живо учествуваше на неформалниот самит на шефовите на држави на Турскиот совет.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека промените со коишто се соочува светот го зголемуваат уште повеќе и значењето на структурите за соработка како што е Турскиот совет.

Велејќи дека планира да го посети азербејџанскиот град Шуша кој беше ослободен од ерменска окупација, Ердоган рече: „Наша желба е во најскоро време, по Рамазан Бајрам (13-15 мај) да го посетиме градот Шуша (кој е ослободен од ерменска окупација) и во Шуша да доживееме еден нов празник.“

Претседателот Ердоган во продолжение го рече следното: „Промените со коишто се соочува светот го зголемуваат уште повеќе и значењето на структурите за соработка како што е Турскиот совет. Голем е и меѓународниот углед на Турскиот совет кој во текот на 12 годишниот процес ја заврши својата институционализација. Верувам дека веќе дојде времето нашиот Совет да го наречеме меѓународна организација.“

Велејќи „Овде во присуство на мојот честит брат почитуваниот (претседател на Азербејџан) Илхам Алиев уште еднаш им честитам на сите мои азербејџански браќа за извојуваната победа во Нагорно Карабах“, Ердоган рече: „Значајно е да продолжиме да бидеме покрај Азербејџан со сите наши можности за заштита и заживување на турските објекти во Карабах. Наша желба е во најскоро време, по Рамазан Бајрам (13-15 мај) да го посетиме градот Шуша (кој е ослободен од ерменска окупација) и во Шуша да доживееме еден нов празник.“

Осврнувајќи се и на прашањето со Кипар, претседателот Ердоган го рече следното: „Верувам дека со здружување на нашите сили ќе ги доведеме кипарските Турци во позиција којашто ја заслужуваат.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно соопшти дека онолку колку што тоа ќе го овозможат условите на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се надеваат дека и 8. редовен самит на Турскиот совет ќе се одржи на 12 ноември 2021 година во Истанбул.

 



Слични вести