Претседателот Ердоган ќе учествува на неформалниот самит на Турскиот свет

Претседателот Ердоган ќе учествува на неформалниот самит на Турскиот совет на тема „Туркестан: Едната од духовните престолнини на турскиот свет“, што ќе се одржи денеска во виртуелна средина

1611689
Претседателот Ердоган ќе учествува на неформалниот самит на Турскиот свет

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе учествува на неформалниот самит на Турскиот совет што ќе се одржи преку интернет, во виртуелна средина.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган ќе учествува на неформалниот самит на Турскиот совет на тема „Туркестан: Едната од духовните престолнини на турскиот свет“, што ќе се одржи денеска во виртуелна средина.

На самитот кој е организиран на иницијатива на првиот претседател на Казахстан и почесен претседател на Турскиот совет Елбаши Нурсултан Назарбаев, ќе учествуваат претседателите на Азербејџан, Казахстан Киргистан, Узбекистан, како и премиерот на Унгарија Виктор Орбан (со статус на земја посматрач) и функционери на Туркменистан (земја која не е официјален член на Турскиот совет).



Слични вести