МНР на Турција: Извештајот на САД за човековите права содржи неосновани тврдења и коментари со предрасуди

Министерството за надворешни работи соопшти дека извештајот на САД за човековите права во Турција за 2020 година повторно содржи неосновани тврдења и коментари со предрасуди

1612337
МНР на Турција: Извештајот на САД за човековите права содржи неосновани тврдења и коментари со предрасуди

Турција соопшти дека извештајот на Соединетите Американски Држави (САД) за човековите права во Турција за 2020 година и оваа година е напишан на основа на неосновани тврдења на начин далеку од објективност и се гледа дека содржи неосновани тврдења за Турција и коментари со предрасуди.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се потсетува дека извештаите за човекови права коишто се подготвуваат од страна на американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) секоја година за повеќе од 190 земји, се објавени на 30 март 2021 година.

Во соопштението се нагласува дека тоа што и оваа година во извештајот во врска со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) која посегна по турската демократија, уби стотици граѓани, го изврши предавничкиот обид за пуч од 15 јули, се говори како „Ѓуленистичко движење“, покажува дека Соединетите Американски Држави (САД) сеуште не ја сфаќаат праведната борба на Турција против оваа терористичка организација, ги изоставуваат од вид конкретните докази коишто ги изнесува во врска со оваа терористичка организација и дека и при подготвување на овој извештај повторно се доведени во средство на погледите на истите познати средини.

Во соопштението се подвлекува дека се неприфатливи и тврдењата во контекст на операциите на Турција против тероризмот во Сирија и дека и покрај тоа што овие тврдења претходно во различни наврати се отфрлени не може да се појасни тоа што тие се повторуваат.

Во соопштението се укажува дека внимание привлекува тоа што во извештајот не се говори за терористичките акции врз Сиријците и не им се одделува место на сепаратистичките чекори коишто ги фрла против територијалниот интегритет на Сирија сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ на која се алудира во контекст на разни нарушувања на правата.

Во соопштението се подвлекува дека Турција располага со целосна волја во однос на одбраната и развојот на човековите права.

Освен тоа во соопштението се истакнува дека Турција на основа на владеењето на демократијата и правото, како додаток на нејзините граѓани без прекин ќе ги продолжи своите работи во правец на одбраната и развојот на правата и на милиони лица кои ги загрижува.

 



Слични вести