Во Турција се родија над половина милион сириски бебиња

Како меѓународна заедница, сè уште не можеме да го насилството и прекршувањето на човековите права во Сирија

1610976
Во Турција се родија над половина милион сириски бебиња

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации Феридун Синирлиоглу рече дека во Турција се родија над половина милион сириски бебиња кои не ја знаат својата земја.

Во говорот на сесијата на Советот за безбедност на Обединетите нации на која се разгледуваше човечката состојба во Сирија, Феридун Синирлиоглу потсети дека поминаа 10 години од војната на режимот против сопствениот народ и додаде: „Како меѓународна заедница, сè уште не можеме да го насилството и прекршувањето на човековите права во Сирија. Не можевме да го спречиме  експоненцијалното зголемување на бројот на сите оние што беа принудени да ги напуштат своите домови и бегалците и не обезбедивме доволно хуманитарна помош за оние на кои им е потребна во земјата“.

Во случај во јули не се обнови Механизмот на ОН за прекугранична помош на Сирија, светот може да се соочи со нов масовен бран на миграции, предупреди Синирлиоглу нагласувајќи дека  Турција се соочува со сите безбедносни проблеми и хуманитарните последици предизвикани од кризата во оваа земја.

Синирлиоглу рече дека во Турција се родени над половина милион бебиња кои не ја знаат својата земја и дека 86 отсто од сириски бегалци сакаат да се вратат во нивната земја бидејќи не се чувствуваат безбедно.



Слични вести