Сојлу: Со успешно реализираните операции терористичката ПКК е дојдена во состојба да не може да се помрдне

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека со успешно реализираните операции сепаратистичко-терористичката организација ПКК е дојдена во состојба да не може да се помрдне

1611493
Сојлу: Со успешно реализираните операции терористичката ПКК е дојдена во состојба да не може да се помрдне

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу учествуваше на церемонијата на дипломирање во кампусот во Ѓолбаши во Полициската академија во Анкара и во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека со успешно реализираните операции сепаратистичко-терористичката организација ПКК е дојдена во состојба да не може да се помрдне.

Сојлу информира дека бројот на членовите на терористичката организација е намален на испод 300, дека некогаш се приклучуваа годишно по 5 илјади лица и дека на ПКК која организираше кампови со по 1500-2000 лица во 2019 година ѝ се приклучија 130 лица, во минатата (2020) година 53 лица, а оваа година досега само 11 лица.

Велејќи дека и бројот на припадниците кои се симнати од планините по пат на убедување минатата (2020) година изнесуваше 243, а оваа година досега 36, министерот Сојлу рече дека од почетокот на годината досега се неутрализирани 157 терористи на ПКК, додека оваа бројка минатата година изнесуваше 865 терористи.

„Нашите деца необрнувајќи внимание ниту на снегот, ниту на зимата, ниту пак на други препреки, ги продолжуваат операциите. Овие бројки ги даваме често. Со нашата јавност ги споделуваме бројките за приклучување и убедување, бидејќи тоа се бројки коишто објаснуваат најдобро за овдешната трансформација во менталитетот.“ - рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

 



Слични вести