Мевлут Чавушоглу во Душанбе се состана со авганистанскиот претседател Ешреф Гани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Таџикистан, Душанбе се состана со претседателот на Авганистан Ешреф Гани

1611352
Мевлут Чавушоглу во Душанбе се состана со авганистанскиот претседател Ешреф Гани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Таџикистан, Душанбе кадешто престојува за 9. министерска конференција Срцето на Азија-Истанбулскиот процес, беше примен кај авганистанскиот претседател Ешреф Гани.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со средбата истакна дека во критичната фаза до која е дојден мировниот процес во Авганистан, во Душанбе се состанаа со авганистанскиот претседател Ешреф Гани.

Укажувајќи на состанокот во врска со мировниот процес во Авганистан што ќе се одржи во април во Истанбул, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својата порака ја изнесе следната констатација: "Разменивме мислења состанокот во Истанбул да обезбеди максимален придонес за мировните разговори. Ќе ги продолжиме блиските консултации со нашите авганистански браќа."

 



Слични вести