Ердоган: „Со реформите ќе продолжиме во согласност со распоредот на реформските програми“

Наше најважно реформско поглавје е ветувањето за нов и граѓански устав на нашата нација

1610824
Ердоган: „Со реформите ќе продолжиме во согласност со распоредот на реформските програми“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Со реформите кои се протегаат од правото до економијата и кои од нашата нација се прифатени со задоволство, ќе продолжиме во согласност со распоредот на реформските програми.

Претседателот Ердоган по состанокот на владата одржа прес конференција.

Наведувајќи дека сите реформски програми ќе продолжат во согласност со распоредот, Ердоган рече:

„Наше најважно реформско поглавје е ветувањето за нов и граѓански устав на нашата нација“.

Ердоган рече дека „процесот на изготвување на нов устав мора да продолжи со најсеопфатен можен консензус и дека основата на содржината на текстот мора да ги прегрне и да биде прифатен од сите граѓани.

Поаѓајќи од ова сфаќање, очекуваме сите сектори, особено политичките партии, да придонесат во подготвувањето на новиот устав“ рече Ердоган.



Слични вести