Ердоган: Штом ќе ги завршиме работите за домашна вакцина, таа ќе биде достапна за целото човештво

Претседателот Ердоган истакна дека штом ќе бидат завршени работите за развивање на домашна вакцина, се предвидува таа да биде достапна за целото човештво под најповолни услови

1611546
Ердоган: Штом ќе ги завршиме работите за домашна вакцина, таа ќе биде достапна за целото човештво

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган,  испрати видео порака на онлајн состанокот под наслов  „Ковид-19 и финансирањето на развојот потоа“ во организација на Обединетите нации (ОН), а со учество на шефови на држави и премиери на влади.

Претседателот Ердоган во својот говор се осврна на пандемијата, вакцината и за неправедниот пристап до вакцината во врска со што истакна дека земјите кои поседуваат повеќе вакцини отколку што е потребно за имунизација на своите граѓани, вишокот од вакцини треба да им го достават на земјите кои имаат потреба од вакцини.

Ердоган рече: „Загрижувачки е во име на човештвото тоа што додека има земји кои го вакцинираа речиси целокупното население, милијарди луше не можат да дојдат дури до првата доза вакцина.“

Велејќи „Неправедноста којашто заедно со пандемијата станува со поуочлива, со прашањето на вакцинацијата (против Ковид-19) доби поочајни размери. Гледаме дека приближно 100 земји сеуште не успеале да стигнат до вакцина.“ - претседателот Ердоган го рече следното: „Додека, јасно стои дека без да се загарантира праведниот пристап до вакцината нема да заврши пандемијата и нема да дојде до економско опоравување. Замјите кои поседуваат повеќе вакцини отколку што е потребно за имунизација на своите граѓани, вишокот од вакцини треба да им го достават на земјите кои имаат потреба од вакцини.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор воедно додаде дека штом ќе бидат завршени работите за развивање на домашна вакцина, се предвидува таа да биде достапна за целото човештво под најповолни услови.

 



Слични вести