Чавушоглу порача од Душанбе: За политичко решение во Авганистан е потребно сеопфатно примирје

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 9. министерска конференција Процесот Истанбул-Срцето на Азија истакна дека за политичко решение во Авганистан е потребно сеопфатно примирје

1611398
Чавушоглу порача од Душанбе: За политичко решение во Авганистан е потребно сеопфатно примирје

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на 9. министерска конференција Процесот Истанбул-Срцето на Азија во Душанбе во копретседателство на Таџикистан и Авганистан, потцрта дека безбедноста, стабилноста и просперитетот на Авганистан се од големо значење за секого.

Чавушоглу истакна дека за политичко решение во Авганистан е потребно сеопфатно примирје

Велејќи дека поминаа 10 години од започнувањето на Процесот Истанбул-Срцето на Азија во Турција, Мевлут Чавушоглу рече: „Чувствуваме гордост од тоа што сеуште е најобемна платформа во врска со Авганистан. Проблемите на нашиот регион можат да се решат само со регионална соработка и со духот на присвојување (сопственост).“

Чавушоглу појасни дека потпишаниот договор помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Талибан минатата година во Доха претставува значајна пресвртница во мировниот процес во Авганистан, но напомена дека насилството сеуште продолжува и го рече следното: „За политичко решение во Авганистан е потребно сеопфатно примирје.“

Министерот Чавушоглу истакна дека и покрај тоа што се постигнува напредок бавно, напредокот на мировниот процес е единствениот пат и дека секој треба да даде целосна поддршка на процесот.

„Земајќи го во предвид тоа и на барање на страните во Авганистан, за заокружување и заживување на разговорите од Доха ќе бидеме домаќин на состанок на високо ниво во Турција. Се надеваме дека состанокот ќе обезбеди значаен придонес за актуелните напори за мир и значаен напредок во дискусиите во врска со политичката патна карта на Авганистан во иднина. За негово успешно одржување ја очекуваме поддршката на сите вас.“ - рече Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу воедно додаде дека Турција, за мирот, стабилноста и просперитетот на Авганистан, ќе продолжи да работи на сите платформи, вклучувајќи го и Процесот Истанбул-Срцето на Азија.

 



Слични вести