Борел: Од стратешки интерес за ЕУ е да развие односи со Турција засновани на соработка и взаемен интерес

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека од стратешки интерес за Европската унија (ЕУ) е да развие односи со Турција засновани на соработка и взаемен интерес

1611517
Борел: Од стратешки интерес за ЕУ е да развие односи со Турција засновани на соработка и взаемен интерес

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел  напиша блог напис во којшто направи проценка на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Борел истакна дека од стратешки интерес за Европската унија (ЕУ) е да развие односи со Турција засновани на соработка и взаемен интерес.

Борел во написот ги употреби зборовите „Европскиот совет минатата недела отвори ново поглавје во односите на Европската унија (ЕУ) и Турција.“

Жозеп Борел истакна дека земјите на Европската унија (ЕУ) се спремни да работат со Турција во сфери како што се ажурирањето на Царинската унија, повторното започнување на контактите меѓу народите со дијалог на високо ниво, зајакнатата соработка во управувањето со миграцијата.

Велејќи дека чувствуваат задоволство од гестовите на Турција и дека одговорија на тоа со подавање на својата рака, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел ја изнесе следната констатација: „Всушност, од стратешки интерес за Европската унија (ЕУ) е да развие односи со Турција засновани на соработка и взаемен интерес. Тоа важи и за Турција.“

 



Слични вести