Во северниот дел на Сирија запленети оружје и материјали за изработка на бомба на терористите

МВР соопшти дека на северот на Сирија се запленети големи количини оружје и материјали за изработка на бомба коишто ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, се обидувала да ги однесе во подрачјето на Менбич

1610163
Во северниот дел на Сирија запленети оружје и материјали за изработка на бомба на терористите

Запленети се големи количини оружје и материјали за изработка на бомба коишто ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, се обидувала да ги однесе во подрачјето на Менбич за нивно користење во напади во северниот дел на Сирија.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи се потсетува дека под координација на Разузнавачката служба и Одделот за борба против тероризмот (ТЕМ) при Генералната дирекција на полицијата во реализирана операција од страна на Сириските сили на задача во Азез се запленети две противтенковски ракети ТОВ, 24 пешадиски пушки калашникови, една снајперска пушка, 2 цевки на тежок митралез ДШК и 200 активирачки капсули.

Во соопштението се потсетува дека противтенковските ракети ТОВ често се користат од страна на терористите против елементите на Турските вооружени сили (ТВС) кои реализираат операции за исчистување на северниот дел на Сирија од тероризмот.

Како што се вели во реализираната операција се фатени двајца Сиријци и дека осомничените во своите први дадени изјави истакнале дека „биле фатени при обид наведеното оружје и другите материјали да им ги достават на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ“.

Во меѓувреме, и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во врска со реализираната операција сподели објава на својот профил на социјалната медија во која им честита на безбедносните сили за успешно рализираната операција.



Слични вести